Промоција на „Тринаесеттиот“, нов роман на Лидија Димковска

Сподели:

На 2 март (понеделник), од 19 часот, „Јуроп хаус“ во Скопје ќе се претвори во висококатница во која живеат месеците.

Се запознаваме со „Тринаесеттиот“, новиот роман на Лидија Димковска што носи книжевна магија за деца и млади, а не се изоставени ни возрасните. Наменет за сите што сакаат да се насмеат, да се замислат, а на крај да откријат дека светот може да го смени една приказна.

Промоцијата ќе биде вистинско патување – низ освртот на Весна Мојсова-Чепишевска и разговорот со авторката Димковска, ќе ги откриеме неверојатните ликови и секако, меѓу нив најважниот, Тринаесеттиот. Кој е Оф и зошто токму тој може да ни ги промени светогледите? Дознаваме наскоро! На промоцијата ви најавуваме и изненадувања, но најголемото од нив се случува кога ќе стигнете до последната точка, информираат од ТРИ.

Лидија Димковска веќе ги освои домашните читатели и многумина се огласија за значењето на овој роман. Билјана Црвенковска го означи како „роман што ќе ве изненади во секој поглед“, а Анита Бошкова Доковска го нарече „роман што раѓа романи“. Како ќе го наречете вие?

Се гледаме! Ајде да го направиме овој настан подобар отколку што Четџипити може да замисли! 

Сподели: