Промовирана брошура на досега необјавени документи за Илинденци од Прилеп и Крушево

Сподели

 

Државниот архив во Прилеп ја промовира Брошурата посветена на нови, досега необјавени документи за Прилеп и Крушево од Илинденскиот период. Во неа се содржани записи од османлискиот период и повеќе илинденски сведоштва.
 
 
 
 
“Се навраќаме и се сеќаваме на Илинден за да не се заборави судбината на нашите предци, да оживее сеќавањето на стремежот на македонскиот народ за слобода и самостојност и да не згасне факелот на борбата за одржливост на универзалните демократски вредности” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, по повод објавата на ова историска брошура.
 
 
 
 
Изборот и преводот на овие документи и редакцијата ја направија: д-р Јасмина Дамјановска, м-р Гоце Стојановски, Елена Чагороска и м-р Мустафа Алиоски.