Алтернатива Настани

Промовирана книгата посветена на олимпискиот шампион Шабан Трстена

saban-trstena

Олимпискиот шампион во борење со потекло од Скопје, Шабан Трстена, денеска ја промовираше својата книга „Патот на олимпискиот шампион“, монографија со интересни факти од неговиот живот и од 19-годишната кариера, предизвиците и успесите на спортски план, јавува Anadolu Agency (AA).

Книгата „Патот на олимпискиот шампион“ беше создадена со истражување, собирање архивски материјали, фотографии и интервјуа на шампионот Трстена од неговата 19 годишна кариера. Автори на оваа книга се универзитетскиот професорот Сефер Тахири, како и спортските новинари Решат Ибраими и Флорим Реџепи.

Олимпискиот шампион Шабан Трстена во своето обраќање пред присутните рече дека било потребно многу да работи и да мине тешкотии за да стигне до она што е денес, но рече дека работел ден и ноќ, и никогаш не се предал.

Тој им се заблагодари на семејството, пријателите и на неговиот најширок круг на пријатели, кои му помогнаа да постигне успех во неговата кариера. Исто така, им порача да не ги потценуваат своите деца, бидејќи секое дете има идеи и визија да постигне нешто во животот.

„Во овие моменти се сетив да го започнам обраќањето со нашиот свет, свет кој е голем и прекрасен, и во кој живеат 7 милијарди луѓе. Сите овие луѓе имаат своја култура и историја. Сепак, ние како мал народ и мала земја, како Македонија, ја имаме нашата култура и историја“, рече Трстена, опишувајќи ги своите успеси кои се вклучени во неговата монографија.

Авторот на книгата, Сефер Тахири, истакна дека големите нации и моќните држави отсекогаш имале славни спортисти што живеат и во иднина ќе живеат во светот на луѓето, но, како што рече, историјата има направено исклучоци во случајот на Трстена.

„Тоа е доказ дека дури и малите народи и држави даваат големи имиња во историјата на спортот. Има такви што одбележале кулминантни успеси, стигнале до највисоките места на пиадесталите на толку посакуваните успеси. Земјите кои даваат придонес за историјата и за светот, не може да се нарекуваат мали. Од албанската национална срж и од Македонија како држава се раѓале големи светски личности, кои светот ги познава како легитимирани и проверени имиња со конкретни резултати и успеси“, рече Тахири, нагласувајќи го името на шампионот Трстена.

На промоцијата на монографијата присуствуваа голем број гости од различни области од Македонија, Косово и Албанија, вклучувајќи и политички претставници, владини функционери, спортисти и други.

Меѓу гостите беше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, кој рече: „Трстена е горд претставник на својот народ и земја. Тоа право никој не може да му го одземе на ниту еден спортист, особено на голем спортист, бидејќи тој даде толкав придонес, за кој ние не сме свесни колку е голем за афирмацијата на нашиот народ и земја. Не постои цена за тоа и никој не може да го направи, во прилог на креативни или светски спортисти“.

– Кој е Шабан Трстена? –

Шабан Трстена е роден во 1965 година во Чаир, Скопје, стигна до златниот медал на Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес, САД, а четири години подоцна го освои сребрениот медал во Сеул.

Тој, исто така, освои сребрен медал во 1983, 1985, 1986 и бронзен медал во 1982 и во 1988 година. Инаку, Трстена е прогласен за спортист на векот во Македонија и на сеалбанскиот простор.

Сподели: