Вести Македонија Ударни вести

Промовирана книгата ,,Романски дипломатски документи за Македонија (1901-1903)” од Благој Зашов

Сподели:

 

Во Музејот на македонската револуционерна борба денеска беше промовирана книгата ,,Романски дипломатски документи за Македонија (1901-1903)” од амбасадорот Благој Зашов, што ја издаде Државниот архив.
На промоцијата за значењето на овој труд зборуваа: директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, директорот на Институтот за национална историја, д-р Драги Георгиев, министерот советник во Романската амбасада во Скопје, Н.Е. Габриел Никола и самиот автор, Благој Зашов. Модератор на оваа промоција беше претседстелот на Дипломатскиот клуб, амбасадор Виктор Габер.
 
,,Дипломатската историја е значајна за сите народи и држави бидејќи дава широка перспектива за историските процеси. Таков е и примерот со македонскиот народ, за чии стремежи за национално ослободување и формирање сопствена држава пред и по Илинденското востание, тогашните погледи и известувања на странските дипломати претставуваат круцијален извор од кој историската наука црпи корисни и мошне вредни информации и факти за толкувањето на нашето минато” – истакна, меѓу другото, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Сподели: