Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Пендаровски: Состојбата во Украина е дополнителен аргумент за почеток на преговорите

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Дневникот на ТВ Сител одговараше на прашања поврзани со актуелните случувања во Украина, евентуалното влијание врз безбедноста на регионот, како и за економските реперкусии, односно дали може да се очекува економска и енергетска криза во земјава.

Низ призма на случувањата во Украина, претседателот во интервјуто се осврна на евроинтеграциските предизвици на нашата земја, причините за пораст на евроскептицизмот, како и на спорните прашања во дијалогот со Република Бугарија.

 

Во тема на денот на Сител, претседателот Пендаровски оценува дека Предлогот Украина да добие статус на земја што ќе ги почне преговорите со ЕУ, е добар сигнал и за Македонија.

Тој смета дека Украина не е толку далеку од Македонија, кога е во прашање кризата. Ситуацијата во Украина треба да е само дополнителен аргумент зошто треба час поскоро да отпочне процесот за интеграција во ЕУ вели Пендаровски. 

Сподели: