Вести Свет Ударни вести

Пронајдено живо куче под урнатините, 22 дена по земјотресите во Турција

Сподели:

 

Спасувачкиот тим од Хатај, јужна Туркије, вчера пронајде живо куче под урнатините, 22 дена по разорните земјотреси, јавува Анадолу.

Станува збор за сибирска хаска по име Алекс, која мина повеќе од три недели под урнатините во Хатај и е извлечена исцрпена, но жива.

Како што рече, во урнатините имало мала дупка низ која со рачно ископување дошле до кучето.

„Вистинско чудо е што кучето остана живо под урнатините по толку денови и тоа без храна и вода“, рече спасувачот.

Десетици мачки и кучиња се спасени на ист начин додека спасувачите се обидуваа да стигнат до луѓето заробени под урнатините.

Сподели: