Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој.
Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам, истакна министерот за здравство Азир Алиу.
Реализацијата на ова проширување е овозможена благодарение на соработката со повеќе општествено одговорни компании и поединци кои ја поддржаа оваа иницијатива.
Министерството за здравство и Клиниката за детски болести остануваат посветени на унапредување на условите за третман и обезбедување највисок квалитет на здравствена грижа за најмладите пациенти.


