Од Хавана до Скопје – Ален Перез заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција „Ла Оркеста“ на 16 април во Националната опера и балет ќе не’ понесе на незаборавно патување низ салса, тимба и џез.
Скопје ќе биде дел од „Ла фиеста тур“ на Перез, музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени. Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско признание како член на легендарниот латин-џез состав Irakere под водство на Чучо Валдес и како долгогодишен соработник на фламенко-иконата Пако де Лусија.


