Вести Свет

Протест на ученици пред српската полиција поради уапсен соученик при упадот во РТС

Сподели:

Неколку стотина ученици се собраа пред српското министерство за внатрешни работи револтирани од апсењето на Павле Цвејиќ, ученик во Филолошката гимназија во Белград – пренесува Н1 телевизија  .

Учениците, заедно со дел од професорите, излегле на протест бидејќи на Цвејиќ, поради неговото демократско право на протест, му е оневозможено правото на образование и бараат тој веднаш да биде пуштен на слобода. Учениците сметаат дека ученикот е жртва на двојна неправда и од страна на власта, која го осудила поради учество во протест, а од друга страна и од опозицијата, која го користи како средство за постигнување на своите цели.

Организаторите на протестите „1 од 5 милиони“ соопштиле дека поради упадот во РТС се уапсени вкупно 10 млади, од кои некои се осудени на едномесечен затвор. Од иницијативата изјавиле дека ќе следува нивна реакција доколку притворените не бидат пуштени на слобода.

Сподели: