Протест во Скопје на движењето „Ние сме Македонија“

Сподели

Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, се одржува протест. Присутните се собираат како што велат, поради политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Дел од демонстрантите носат и пароли на кои пишува „слобода“ за осомничените за насилниот упад во Собранието, што се случи на 27 април минатата година.

Присутни се и автобуси од други градови.