Вести Македонија Ударни вести

Опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминува од нашата државата

Сподели:

 

Денес започнува транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис.

 

 

Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад  по Базелска Конвенција. Вкупно  477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и  натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана,  со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран  за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија.

 

 

Со тоа комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03.06.2022г. за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС.

 

 

Во меѓувреме се  продолжи со ископ на останатиот материјал од малата депонија која е поделена во уште четири лота. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата  HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик.

Сподели: