На традиционалната вечера на дописниците од Белата куќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде беа присутни американскиот претседател Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија и високи државни функционери и новинари, се случи инцидент кога вооружен маж со пушка и ножеви упадна во лобито и истрела неколку куршуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп е неповреден и веднаш бил евакуиран на безбедно во Белата куќа, а Тајната служба брзо го совладала и привела осомничениот напаѓач.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „нападот е спречен“ и им се заблагодари на припадниците на Тајната служба и на полицијата за, како што наведе, „брзата и храбра реакција“.
Напаѓачот е Коул Томас Ален (31) од Торанс, Калифорнија. Според извори на CBS News, Ален им изјавил на властите дека негова цел биле функционери од администрацијата на Трамп.
фото скриншот


