Вести Македонија

Работна посета на претседателот Стево Пендаровски на Брисел

Сподели:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

 Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

 За време на работната посета на Брисел, претседателот Пендаровски ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“, водечка тинк тенк организација која ги поврзува луѓето, ја стимулира дебатата и предизвикува промени за да создаде повеќе инклузивна, одржлива и прогресивна Европа. Претседателот ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.

Сподели: