СЗО: Верските собири да се одложат или да се организираат виртуелно

Сподели

 

 

Неколку дена пред одбележувањето на христијанскиот празник Велигден според Грегоријански календар и седмица пред почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан, Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави препорака за организирање на верските собири во Европа.

 

 

Во земјите каде што вирусот повеќе се шири, треба сериозно да се размисли за виртуелните собири, за одложување или за намалување на големината на тие собири, напиша одделот на СЗО за Европа, во соопштението на темата пролетните верски празници.

“Сите верски обреди треба да се одржуваат надвор доколку е можно, или треба да се намалат во обемот и во времетраењето, со почитување на растојанието, проветрување, миење раце и користење маски. Сѐ уште е подобро доколку се слави само во рамки на членовите на своето домаќинство, соопштува СЗО, предупредувајќи дека треба да се избегнува секој контакт доколку се појавата симптоми и карантински мерки.

Кога станува збор за собирите во затворени простори, СЗО потсетува дека се „особено опасни, па и оние помалите“, бидејќи се собираат членовите од различните домаќинства, иако тие собири официјално не се забрануваат.

Во неколку земји од европскиот регион на СЗО кој опфаќа педесетина земји, вклучително и Русија и повеќе земји од централна Азија, „бројот на заразените сериозно расте и во оваа фаза од пандемијата не смееме да ја олабавуваме претпазливоста“, истакнува оваа организација на Обединетите нации.

Исто така СЗО апелира да се избегнуваат непотребните патувања за време на празниците или воопшто, а доколку се неодложни да се почитуваат сите мерки пропишани од државите, во смисла на тестирање или карантин.

Христијаните кои се водат по Грегоријанскиот календар во недела го слават Велигден, а јудаистите Пасха. Муслиманскиот свет месец на постот Рамазан, пак, трае од 13-ти април до 12-ти мај.