Работни активности во Стара скопска чаршија

Сподели

 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, по пријава од страна на граѓани за истекување на вода и поплавување на еден локал во Старата скопска чаршија, направија увид и констатираа дефект на приклучна цевка на ул. 106 бб.

Во текот на денешниот ден ќе се постапи соодветно за отстранување на дефектот, а имајќи предвид дека станува збор за локација со големо историско и културно значење, напоменуваме дека по завршување со работните активности, подлогата ќе биде вратена во првобитна состојба, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација.