Снег во Сахара – трет за последните 40 години

Сподели

Над 40 сантиметри снег ги покри песочните дини во гратчето Аин Сефри во Алжир. Ова е третпат да заврне снег во овој предел во последните 40 години, откако претходно сличен се појави минатата година во декември.

Локалците, кои лето живеат на температури од 37 степени, беа воодушевени од пејзажот.

Минатата снежна бура предизвика хаос во градот, така што патници беа заглавени во автобуси, а патиштата беа замрзнати и лизгави. Децата правеа снешковци и можеа да се лизгаат со санки по песочните дини.
Претходно, снег е забележан на 18 февруари 1979 година, кога само половина час врнело снег.