Спорт

Рафаел Надал донесе важна одлука – Каде шпанецот планира да му се врати на тенисот?!

Сподели:

Loading

Рафаел Надал нема играно од Австралија опен, каде веќе беше елиминиран во второто коло од Мекензи Мекдоналд.

Тогаш заработи повреда, а опоравувањето оди во добар правец и наскоро повторно би можеле да го видиме на теренот.

Директорот на Мастерсот во Монте Карло, Дејвид Мејси, потврди дека Рафа има планови да игра во кнежевството.

– Рафа беше првиот играч што го регистриравме. Тој многу сака да игра во Монте Карло и да си даде можност да учествува на турнирот кој толку многу го сака – изјави Мејси.

Надал е рекордер во Монте Карло со дури 11 освоени титули, од кои освоил осум последователни трофеи од 2005 до 2012 година.

Турнирот во Монте Карло ќе биде прв по Мелбурн на кој ќе учествува и најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ.

Нема сомнеж дека би било одлично да се види дуел на земјена подлога меѓу српскиот и шпанскиот тенисер во Монако.

The post Рафаел Надал донесе важна одлука – Каде шпанецот планира да му се врати на тенисот?! first appeared on .

Powered by WPeMatico

Сподели: