Ракометна Македонија го дозна противникот во баражот за СП 2025 – Беше изненадување на ЕП 2024!

Сподели

Loading

Селекцијата која беше хит на ЕП 2024 година ќе и биде противник на ракометна Македонија во баражот за пласман на СП 2025. 

Ждрепката во Келн сакаше таа селекција да и биде ривал на Македонија во двомечот за Мундијалот следната година.

Станува збор за Фарски Острови селекција која ќе биде сериозен и незгоден ривал на Македонија во походот кон уште еден собир на најдобрите светски репрезентации. 

Селекторот Кире Лазаров е убеден дека ќе ја минат оваа пречка, иако можевме да добиеме и далеку полесен противник како носители на ждрепката. 

Првиот меч Македонија го игра на 8 мај нагости, додека реваншот е на 12 мај на домашен терен.

Светското ракометно првенство 2025 треба да се игра од 14 јануари до 2 февруари во Данска, Норвешка и Хрватска.

Во другите бараж средби, најтешко помина Србија која ќе игра против Шпанија, додека Словенија ќе игра против Швајцарија.

Португалија ќе игра против Босна, Грција со Холандија, додека Романија против Чешка.

Полска ќе игра со победникот од Словачка/Израел, додека Австрија против Грузија. Унгарија ја добија Финска/Литванија, а Црна Гора со подобриот од мечот Белорусија/Италија.

The post Ракометна Македонија го дозна противникот во баражот за СП 2025 – Беше изненадување на ЕП 2024! first appeared on .

The post Ракометна Македонија го дозна противникот во баражот за СП 2025 – Беше изненадување на ЕП 2024! appeared first on .

Powered by WPeMatico