Спорт

Денеска е денот Д за Ибрахимовиќ одлучува каде ќе игра следната сезона!

Сподели:

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ денеска ќе соопшти каде ќе ја продолжи својата богата кариера.

ibra

Златан по завршувањето на сезоната се збогуваше со ПСЖ и сега фудбалскиот свет е во исчекување на неговата одлука.

Новиот клуб Ибра веќе го избрал, а името на новиот клуб ќе го објави денеска.

„Ќе откријам на 7-ми Јуни. Тоа ќе биде вистинска бомба. Чувството е повеќе од добро. Многу работи ќе се променат по таа новост и се надевам дека и вие ќе уживате“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

Се шпекулира дека сигурно популарниот Ибра својата кариера ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“ во екипата на Манчестер Јунајтед, но во игра е и неговиот омилен клуб Милан.

The post Денеска е денот Д за Ибрахимовиќ одлучува каде ќе игра следната сезона! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: