Спорт

Супер тимот на Бруклин добива нова ѕвезда – Му ја крадат легендата на Леброн од Лејкерс!

Сподели:

Кајри Ирвинг не е вакциниран и не може да игра на повеќето натпревари, Бен Симонс не сака да се врати на теренот, па Бруклин Нетс бараат нови ѕвезди за својот супер тим!

фото: Facebook / Brooklyn Nets

Сега Нетс се насочени кон ветеранот Кармело Ентони кој минатата сезона играше за Лејкерс.

Кошаркарското крило кое беше една година без ангажман, минатата сезона ја мина во Лос Анџелес Лејкерс каде постигнуваше 13,3 поени со 4,2 скока и една асистенција по натпревар.

Сега во Бруклин сакаат тој да биде алтернатива на Кевин Дурент. на крилната позиција.

Раководството на клубот размислува и за други ветерани како Двајт Хауард, Хасан Вајтсајд и Коди Зелер кои би можеле да ја пополнат центарската позиција, бидејќи тимот од Бруклин сака да се засили по прилично разочарувачката минатата сезона кога беа елиминирани на самиот почеток од плејофот.

фото: GettyImages

Кога ги доведоа Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг, Нетси поделија голем број драфт пикови и сега не можат да се засилат на тој начин, туку наместо тоа треба да бркаат слободни агенти.

На Ентони му истече договорот со Лејкерси, се очекуваше да ја продолжи соработката, но сега се појави друг тим кој го посакува во своите редови.

The post Супер тимот на Бруклин добива нова ѕвезда – Му ја крадат легендата на Леброн од Лејкерс! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: