Речиси 22.000 загинати во земјотресите во Турција и во Сирија

Сподели

 

Бројот на загинати од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.700, а бројот може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ рушевините на илјадниците урнати згради.

Според последниот биланс, бројот на загинати во Турција се искачи на 18 342, а во Сирија досега се регистрирани вкупно 3 377 жртви. Со тоа, вкупниот број на загинати во двете земји се искачи на 21 719 за само пет дена.

Стотици илјади луѓе низ двете земји останаа без покрив над главата среде зима и ја поминаа ноќта во импровизирани засолништа на паркинзи на супермаркети, џамии, патишта или меѓу урнатините, барајќи храна, вода и топлина.