Вести Македонија Ударни вести

Регионален семинар: Соработка во ЈИЕ во борбата против финансискиот криминал, перење пари и финансирање на тероризмот

Сподели:

 

На Регионалниот семинар кој што денес и утре се одржува во Скопје во коорганизација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Италијанската амбасада во РМ, претставници на владини институции, на меѓународни организации и експерти од областа на финансискиот криминал од земјите на ЈИЕ, ќе разговараат на повеќе теми од областа на финасискиот криминал со посебен акцент на финасисрањето на тероризмот. 

“Не е веќе клучно прашањето дали е потребна соработка, туку прашањето е како и на кој начин заедно да ја интензивираме, концептуализираме и систематизираме таа соработка во интерес на националната, регионалната и генерално, меѓународна безбедност. Впрочем, сето она што заедно го минавме во изминативе неколку години, вклучително и по однос на терористичките закани, повеќе од кога и да е не упатува едни на други, нужно наметнувајќи ги кооперативноста, солидарноста и координацијата како фундаментални принципи за градење занички стратегии за соработка“.

Ова меѓу другото го истакна заменик министерот за внатрешни работи проф.д-р Агим Нухиу во своето денешно обраќање на Регионалниот семинарот посветен на “ Заедничката регионална соработка во југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал, со посебен фокус на перењето пари и финансирањето на тероризмот“.

Според заменик министерот Нухиу тероризмот денес и по својата форма и по својата содржина, очигледно ги надградил сопствените потенцијали, особено глобализирајќи ја својата, идеолошка подлошка како наднационална, со што драстично ги видоизменил и инфраструктурните, логистичките па дури и техничките перформанси во делувањето.

   

Сподели: