Вести Свет Ударни вести

ХАГ: Хрватскиот генерал Праљак почина откако испил отров при изрекување на пресуда

Сподели:

 

Во Хашкот трибунал за воени злосторства попладнево продолжи читањето на пресудите на групата босански Хрвати обвинети за воени злосторства, откако Судот претходно ја прекина работата поради самоубиството на генералот Слободан Праљак.

 Хрватска и светот се во шок откако среде изрекувањето на пресудата се самоуби еден од некогашните водачи на босанските Хрвати, генералот Слободан Праљак и тоа во жив телевизиски пренос.

Во моментот кога Хашкиот трибунал му изрече казна затвор од 20 години, тој ги отфрли обвинувањата дека е воен злосторник и изјавил:

– Судии, јас не сум воен криминалец. Со презир ја отфрлам оваа пресуда – рече Праљак, откако денеска беше потврдена пресудата против него од 2013 година, со која Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија му одреди 20 години затвор.

По инцидентот, рочиштето беше прекинато и Праљак беше префрлен во болница во Хаг, каде што, според хрватските медиуми, починал по неколку часа.

Јавноста во Хрватска веќе бара да се отвори судски процес против самиот Хашки трибунал.

Жалбениот совет на Хаг денеска во рамки на пресудата за шестмината осомничени утврди дека постоел меѓународен вооружен судир во БиХ и состојба на окупација, а потврди и постоење на здружено хрватско злосторничко дејствување со цел етничко чистење во делови на БиХ.

Сподели: