Вести Македонија Ударни вести

Регистрирани 21 прекршувања на забраната за движење, 584 санкции за неносење маска

Сподели:

 

Од 20.00 часот (08.04.2021) до 05.00 часот (09.04.2021) констатирано е дека 21 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (08/09.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 584 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Сподели: