Рекреативна тура – Маркови Кули “Вело Кул_тура”

Сподели

 

Во сабота 29 јуни ќе се одржи “Вело Кул_тура”,тура до археолошкото наоѓалиште Маркови Кули (Марково Крувче) на Водно.Маркови Кули (или град Чрнче) – тврдина од типот збег на градот Скопје која лежи 4,5 км на југоисток од центарот на Скопје.

Качена е на источниот крај на планината Водно во месноста Марково Крувче, врз издаден и стрмен варовнички гребен 350 м. високо над полето и Вардар во подножјето. Поврзан е со патот што по изохипса врти околу планината,а на тој пат израснале словенските средновековни села Сопиште, Водно, Нерези, Крушопек, Гр(ада)чец.

Турата е од рекреативен карактер,може да ја извози секој.

ЗБОРНО МЕСТО: Универзална сала од 08 часот.
Во случај на лоши временски услови турата се откажува.