Ретвитни оброк: Топли оброци за студени денови!

Сподели

 

Ретвитни оброк и оваа сабота, Топли оброци за студени денови

Заедничкото готвење продолжува и овој петок во Гласност од 12 часот, заедно со наши волонтери, учениците од Алгоритам

За сите останати волонтери и оваа сабота, како и секоја претходно, делиме оброци за нашите сограѓани и секој е добредојден да се вклучи:

– Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот кај спомен куќата на Мајка Тереза (за амбалажи и намирници контактирајте нè во порака или на групата)

– Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис.