Вести Македонија

Ристоска: Бараме замрзнување на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени се и генералните секретари

Сподели:

Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека за преметот Талир, во кој се сомничат челни лица на ВМРО-ДПМНЕ за перење пари биле испратени 570 покани за сведоци, 260 преслушани сведоци, 230 банки, институции, правни лица, 30 службени белешки и анализи со најмалку 300 страни и 11.886 уплатници.

Во просек, според обвинителката Ристоска во 2009 година биле уплатени над 28.000 евра дневно, во 2010 година над 15 илјади евра, во 2011 година над 12 илјади евра, во 2012 над 14 илјади евра, во 2013 година над 30 илјади евра дневно, во 2014 година над 26 илјади евра, а во 2015 година над 31.000 евра дневно, а биле уплатени за чланарина.

„Повеќето од уплатниците се пишувани со исти ракопис, дел од осомничените лица се сомничат дека создавале обврски за партијата, ова се само дел од сумите, не се сите обврски намирени, понатамошниот тек на истрагата ќе покаже колку се ненамирени. Ќе бараме замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, имотот на партијата не се користи само за целите на партијата, има имоти кои се пасишта. Има 12 барања, во просек по 3 имоти, ваквиот имот имаме докази дека е предмет на кривично дело, Ќе се бара замрзнување на имотот на партиската зграда”, рече Ристоска.

Таа кажа дека во моментот не се истражува финансирање на други политички партии бидејќи не наишле на такви разговори. Според неа, нема да има барање за замрзнување на имот за куќите во Зелениково.

Обвинителката Ристоска истакна дека во случајот Талир се сомничат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, генералните секретари на партијата, лицата кои биле потписници на сметакта и директорите на центарот за комуникации на партијата.

Сподели: