РОД СТЈУАРТ ДОБИ ТИТУЛА ВИТЕЗ

Сподели

rod

Род Стјуарт доби витешка титула од британскиот престолонаследник принцот Вилијам на церемонијата во Бакингемската палата, пишува Би-Би-Си.

Светски познатиот пејач и композитор беше награден со високата титула, како признание за неговиот придонес во музиката и за добротворноста.

– Принцот Вилијам ме поздрави за успесите во долгата моја кариера, а јас реков колку среќен ме прави овој настан. Би сакал моите родители да беа тука денес го видат тоа. Но сигурен сум дека ме гледаат одозгора, рече музичарот по церемонијата.

На церемонијата присуствуваа сопругата и двајцата најмали синови на пејачот.

Родерик Дејвид Стјуарт е роден на 10 јануари 1945 година во семејството на англичанка и шкотланѓанец. Стана познат со учеството во рок групите „The Jeff Beck Group“ и „Small Faces“, како и со соло кариерата. Албумот „A Night on the Town“ станува платинест.

Стјуарт има продадено над 100 милиони плочи, што го претвора во еден од најуспешните музичари во историјата на музиката.