Роденденска хуманитарна акција на ЈП ЛАЈКА

Сподели

 

ОКТОМВРИ е месец на ЈП Лајка, месец во кој славиме 2 години постоење и хумана работа. Пред две години градот Скопје го доби првото јавно претпријатие за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња во нашата држава.

По повод вториот роденден на прифатилиштето на ЈП Лајка, на 29.10.2022 (сабота) организира роденденски хуманитарен настан од отворен карактер во најурбаниот пет френдли бар во Скопје, Дневна доза кафе, на кој ги покануваме сите заинтересирани граѓани.

Настанот ќе има интересна и забавна програма, пријатни изненадувања, хуманитарен базар, многу гости и музичко уживање,а ќе трае од 11:00 до 15:00 часот.

Овој ден ќе се дружиме заедно со сите активисти, соработници, партнери и пријатели на ЈП Лајка, кои во овие две години дадоа значаен придонес во работењето на претпријатието и благосостојбата на бездомните кучиња за кои постоиме.