ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а дневната температура од 9 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната температура до 19 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.