РОЛЕРИЈАДА 2019 – “Возиме кон иднината”

Сподели

ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од  Град Скопје, годинава по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, под мотото  „Возиме кон иднината“, манифестација на која ќе учествуваат училиштата од градот и околината. .

-“Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.
Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба.”

Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и  од година во година е се помасовна.

Манифестацијата ќе се одржи на 17. април во 12 часот, со стартна позиција  на Бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на бул „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.

На „РОЛЕРИЈАДАТА“ ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија