Вести Свет Ударни вести

Романскиот министер за здравство ги повика младите да набават таблети против радијација

Сподели:

 

Романскиот министер за здравство Александру Рафила ги повика денеска Романците помлади од 40 години „што е можно поскоро“ да одат кај своите матични лекари или во аптеките за да земат таблети со калиум јодид, пренесува МИА.

„Апелирам сите, сите помлади од 40 години, што поскоро да се обратат кај матичен лекар од кој ќе можат да добијат рецепт за таблети калиум јодид“, рече денеска Рафила одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот додаде дека низ државата има 2.500 аптеки каде што се достапни тие таблети што луѓето можат да ги добијат бесплатно со рецепт. Tој посочи дека со влошување на ситуацијата во Украина, можно е побарувачката за такви таблети да се зголеми.

Изјавата на романскиот министер за здравство доаѓа откако руските сили вчера повторно ја гранатираа нуклеарната централа „Запорожје” во соседна Украина.

Таблети со калиум јодид се препорачува како прва здравствена мерка што треба да се прими во првите 24 часа од изложувањето на радијација.

Сподели: