Полска денеска ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО

Сподели

Парламентот на Полска денеска се очекува ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Ова вчера го најави полскиот амбасадор во земјава Војциех Тицињски на дипломатската дискусија со амсадорите на земјите членки на НАТО на тема „Патот до Брисел“. На дискусијата говореше Зоран Заев и министерската Радмила Шекеринска.

Полска ќе биде десетта земја која што ќе го ратификува Протоколот за влез на нашата држава во НАТО.

По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка на НАТО.