Ромките не смеат да бидат жртви на нова „Јавна соба“

Сподели

 

Од Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ информираат за случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи.

 
Ромките не смеат да бидат жртви на нова „Јавна соба“
 
 
 
 
Згрозени сме од последните случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи. Имено на 21.08.2021 година на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна https://www.facebook.com/semmsuvada, на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од истите за тие да се деморализираат и обезвреднат.
 
На истата Фејсбук страница на 06.10.2021 година е објавен повик за собирање на фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување и како што е наведено во објавата „јавно прикажување на „нечесните жени“.(„Koj mangena shaj dena slike privatno te ubacina e nepostena manusen“)
 
На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Република Северна Македонија, но и надвор од нашата држава, а на некои фотографии се видливи и нивните малолетни деца. Сите објави на гореспоменатата Фејсбук -страница, предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени.
 
Токму поради сето ова, ги повикуваме жените кои се директно засегнати со овие објави, како и сите останати корисници на социјалната мрежа Фејсбук да ги пријават ваквите објави најпрво користејќи ги алатките за пријава на ваков вознемирувачки материјал на Фејсбук, а потоа да ја пријават ваквата злоупотреба до надлежните институции и/или до здруженијата на граѓани. Воедно ги повикуваме институциите:
 
 Министерство за внатрешни работи,Одделот за компјутерски криминал и Дигитална форензика, Основното јавно обвинителство, Агенцијата за заштита на лични податоци, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веднаш и итно да постапат по допрен глас и да ги елиминираат овие штетни практики кои имаат за цел да ги нарушат достоинството и угледот на жените Ромки!, се наведува во соопштението од Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“.
 
Не смееме да дозволиме да ни се повтори случајот со „Јавна соба“!
Како општество не смееме да го дозволиме вознемирувањето, злоупотребата на лични податоци и јавниот говор на омраза кон жените чија единствена цел е да се наруши дигнитетот и јавниот углед на жените Ромки.
 
 
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје
Евопски центар за права на Ромите- Брисел
Коалиција Маргини
Фондација Отворено општество Македонија
Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико
НВО КХАМ – Делчево
Граѓанско движење АВАЈА
Ромска асоцијација за жени и млади –Лулуди
Група за застапување на еднакви можности при вработување
Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе
Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка – ИРИЗ
Хелсиншки комитет за човекови права
Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
Амбрела
Романо Авази
Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп
Скопје, 07 октомври, 2021 година