Роналдо останува ,,крал,, до крајот на кариерата, потпиша со Реал до 2021!

Сподели

Кристиано Роналдо следната недела ќе се врати во Мадрид, во спортскиот центар на Реал за да се рехабилитира од повредата пред почетокот на сезоната.

роналдо3

Роналдо и Реал Мадрид постигнале нов договор според кој португалецот ќе остане во „кралскиот“ клуб до 2021 година.

Тоа практично би значело дека Кристијано ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид доколку до крај го одработи новиот договор.

Роналдо ќе добие и зголемување на платата, па според новиот договор ќе заработува 21 милион евра по сезона.

Тоа ќе биде голема инвестиција за Реал кој верува дека Роналдо иако има 30 години може уште неколку години да игра на врвно ниво и сака до крајот на кариерата да го задржи на „Сантиаго Бернабеу“.

Покрај Роналдо, нов договор ќе добие и Герет Бејл кој наместо 9 сега ќе заработува по 10 милиони евра по сезона.

The post Роналдо останува ,,крал,, до крајот на кариерата, потпиша со Реал до 2021! appeared first on Спорти.


Source: Sporty