РСЕ: Гарет – Македонија треба да искачи висок рид за да почне преговори со ЕУ

Сподели

 

Претстои тешка задача за следната година Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, вели амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Треба да се исполнат реформите од планот 3-6-9, да се излезе од „заробената“, држава, да се адресира прашањето за името, вели тој. За пронаоѓањето на соодветно решение за името ќе бидат потребни тешки одлуки и вистинска политичка храброст, додава амбасадорот, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето, Постои ли опасност од нова политичка криза доколку бојкотот на опозицијата на Парламентот продолжи и во иднина, тој одговара:

“Јас мислам дека Македонија затвори едно поглавје на политичката криза. Тоа секако е добар чекор напред. Но, многу потцртани причини за кризата остануваат. Ситуацијата се уште е кршлива, така што јас би рекол дека ризикот останува и зависи од сите инволвирани кои треба да се осигураат дека сè што прават е насочено земјата да оди напред кон посигурно, постабилно и побезбедно место.”

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк