РСЕ: Молдавија прва во Европа доби вакцини преку системот Ковакс

Сподели

 

Молдавија е првата европска земја што доби вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс, пренесува РСЕ.

Молдавската претседателка, Маја Сандуна  на Твитер напиша, дека во Молдавија пристигнала првата транша од 14.000 дози вакцини.

Во Молдавија имунизацијата почна пред три дена со вакцини од АстраЗенека, кои на Молдавија ѝ ги подари Романија.

Распределбата на вакцините преку механизмот на Обединетите нации – Ковакс, почна пред десетина дена со испораката на анти ковид вакцини во Гана. Иницијативата Ковакс беше воспоставена за да се спречи посиромашните земји да не останат без вакцини. Преку неа, вакцини треба да стигнат во 190 држави, а главната цел е 92 сиромашни земји да добијат вакцини во исто време кога и 98 побогати нации.

Ковакс досега собра шест милијарди долари, а за да се исполнат целите за оваа година, потребни се уште најмалку две милијарди. До крајот на годината, преку Ковакс, треба да бидат поделени две милијарди дози низ цел свет, вклучувајќи ја и Македонија.