Руска ракета ја погоди Одеса – сирени низ цела Украина

Сподели

 

Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса, јавија странските агенции. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесува МИА.

Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област.

Исто така, сирените се огласија и во Запорожје и Херсон, кои се под контрола на Киев.