САД и ОН со осуда на терористичкиот напад во Иран

Сподели

Официјални претставници на САД и на Обединетите нации го осудија нападот за време на воената парада во југозападниот дел на Иран, во кој државните медиуми објавија дека загинале најмалку 25 лица, а ранети се 60 луѓе.

„САД ги осудуваат сите акти на тероризам и губењето на невини животи“, рече портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт, доцна синоќа.

Таа рече дека САД се со иранскиот народ во борбата против радикалниот исламски тероризам и изрази сочувство до народот, во како што рече, ова страшно време.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, издаде соопштение во кое се вели дека го осудуваат нападот во градот Ахваз, во Иран.

„Им изразуваме сочувство на семејствата на жртвите, на Владата и на народот на Иран. Им посакуваме на повредените брзо заздравување“, стои во соопштението од Гутереш.

Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, изрази сочувство до Иран по нападот, велејќи дека Москва е подготвена да ги зајакне заедничките напори во борбата против тероризмот.

РСЕ