САД: Поканите за прослава веќе се испратени, Трамп подготвува победничка забава

Сподели

landscape-1476114239-trumpfamily

Изборниот штаб на републиканскиот кандидат Доналд Трамп е уверен во победа на претседателските избори во САД и веќе испратиле покани за победничка забава.

Забавата во чест на победата на Трапм ќе се одржи во њујоршкиот хотел Хилтон мидтаун.

Во поканата се вели дека забавата ќе биде одржана ноќта на изборите 8 ноември. Повикани се само „пријатели и оние кои ги поддржуваа Трамп-Пенс (Мајк Пенс, кандидат за потпретседател).