Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД изведоа воен напад врз Венецуела и дека претседателот Николас Мадуро е заробен заедно со сопругата, кои се изнесени од земјата. Мадуро бил во својот дом кога бил уапсен во американска операција.
Американското судство го обвини Николас Мадуро, дека е на чело на нарко-држава која организирала и шверцувала огромни количини кокаин во Соединетите Американски Држави.
Канцеларијата на американскиот обвинител ги обвини Мадуро и другите обвинети за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување тешко оружје, вклучувајќи митралези и експлозивни направи. Обвинението, исто така, бара заплена на средства стекнати преку трговија со дрога и оружје, и тврди дека обвинетите дејствувале како организирана криминална структура во самата земја.
Новото привремено раководство во Венецуела сигнализираше дека е подготвено за соработка со САД.
Врховниот суд на Венецуела ја овласти потпретседателката Родригез привремено да ги преземе овластувањата на претседателот. Таа првично зазеде потврд став, барајќи ослободување на Мадуро и опишувајќи ја американската операција како кршење на Повелбата на ОН.
„Ја покануваме американската Влада да соработува со нас врз агендата за соработка ориентирана кон заеднички развој во рамките на меѓународното право за зајакнување на трајниот соживот во заедницата“, изјави вчера Делси Родригез, привремена претседателка на Венецуела, во објава на Инстаграм.


