САД: За време на Денот на независноста убиени се осум, а ранети 55 лица

Сподели

Најмалку осум лица се убиени, а 55 се ранети во американскиот град Чикаго, во текот на последните четири дена, за време на празнувањето на Денот на независноста на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата во Чикаго информираше за насилствата и оружените напади што се случија во последните четири дена во овој град. Иако полицијата презеде засилени безбедносни мерки по повод прославата на Денот на независноста во овој град, празникот не можеше да помине без убиства.

Во Чикаго за време на празникот загинаа најмалку осум, а ранети се 55 лица. По нападот во регионот Норт Лондејл, во кој беше убиено едно лице, полицијата пронајде автоматска пушка AK-47.

Според податоците на полицијата во Чикаго, од почетокот на годината во оружени напади смртно настрадаа 319, а ранети се 1.509 лица.