Саем на мебел во Скопје под мотото „Освежи го својот дом“

Сподели

 

Во тек се последните подготовки за уште една успешна саемска приказна. На 20-ти март започнува Саемот на мебел со целосна понуда за сите вкусови.

За Саемот на мебел резервирани се пет дена во комплексот „Борис Трајковски“ и сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом.

Следуваат денови на големи саемски попусти, голем број производители на мебел ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.

Концептот и просторот за овогодинешното издание на Саем на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандарди. Овој Саем на посетителите ќе им овозможи искуство што не се пропушта, затоа што ќе имаат можност на едно место да го пронајдат вистинското, трендовско парче мебел за освежување на домот.

Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали, како и неодоливи понуди од водечки брендови.

Минатото издание на Саем на мебел пречека и услужи над 15.000 посетители и тоа беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за 2024 година.

За месец отсега во Скопје доаѓа вистинско освежување за сите љубители на квалитетен, автентичен и трендовски мебел. Од 20.03 до 24.03 ќе се одржи Саем на мебел 2024, затоа зачувај го датумот и „Освежи го својот дом“.