Сали за “Жан Митрев”: Нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има

Сподели

 

Пратен е допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“, а Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација, изјави министерот за здравство Беким Сали на попладневната прес конференција.

Министерот Сали изјави дека е побарано од инспекторатот да достави информација дали во последните три години се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите. 

„Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев“ и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата,“ изјави Сали.

„Од извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат, јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе ја констатира состојбата и лично јас ќе го доставам до надлежните институции за натамошно постапување. Семејствата на пациентите и јавноста заслужуваат да имаат транспаретни информации. Мојата одговорност како човек е ислулително голема да ги доставам и адресирам сите сознанија до кои ќе дојдам. Во Република Северна Македонија нема недопирливи, а одговорност, доколку се утврди, ќе има“, изјави министерот Сали на денешнатапрес-конференција.