САМ ПРОТИВ СИТЕ – комична вечер со Жарко Јовановиќ

Сподели

 

Стенд ап комедија со Жарко Јовановиќ, 8.мај во Паблик рум

Вечерва, со почеток од 20 часот во Јавна Соба (Public Room) во Скопје, ќе стартува комичната вечер на која ќе настапи популарниот актер од Куманово – познатиот Жарко Јовановиќ (познат по неговите имитации на познати личности како: Стево Пендаровски, Ѓорѓе Иванов, Ј.Б.-Тито, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Никола Груевски, Александар Вучиќ, Стојанче Ангелов, Максим Димитриевски, Зоран Дамјановски-Циц, Ана Брнабиќ, Владимир Милчин, Кирил Поп Христов, Мето Јовановски, Сашко Коцев, Раде Шербеџија, Васко Ефтов, Огнен Јанески, Златко Калински, Горан Пандев, Марко Маринковиќ-Слаткар, Марија Пијаманов-Плевнеш и др.) – без никакви претензии, навреди или омаловажување, со сета почит кон истите.

 

 

Овој млад и мошне талентиран актер кој со својата игра, хумористичен пристап и автентичен стил се повеќе ја освојува македонската публика.