Самостојна изложба на Дита Старова-Ќерими во Чифте амам

Сподели:

На 16 ноември, со почеток во 19 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојната изложба „Уметноста на оддалеченоста“ (The Art of Distance) на академската сликарка Дита Старова-Ќерими.

Изложбата опфаќа 20 сликарски дела во кои авторката ги истражува односите меѓу блискоста и оддалеченоста, присуството и отсуството, како и поврзаноста меѓу човекот и природата. Преку експресивен колорит, динамични композиции и симболични цветни и човечки форми, таа создава визуелен израз на емоциите, сеќавањата и внатрешните човекови состојби.

Со оваа изложба, Старова-Ќерими повторно се претставува пред публиката во Чифте амам, отворајќи простор за уметнички дијалог и размислување за невидливите врски што го поврзуваат човекот со светот околу него.

Сподели: