Санкционирани 128 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 128 возачи.

Од нив, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.