Џафери свика состанок на претседателството на Собранието

Сподели

 

На иницијатива на претседателот Талат Џафери денеска во Собранието ќе заседава парламентарното претседателство, кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен.

На состанокот на претседателството на Собранието, согласно Законот ќе присуствуваат Џафери, двајцата потпретседатели Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.