Санкционирани 145 возачи во Скопје за брзо возење

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 40 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.  Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за користење мобилен телефон при возење…

 
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.