Вести Македонија Ударни вести

Санкционирани 191 возачи во Скопје, 58 за брзо возење

Сподели:

 

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден, МВР изрече вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила.
 
Изречени се четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и затоа МВР апелира граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Сподели: